Правила и Прописи

1. За да можете да патувате со некое од нашите поаѓања задолжително е да поседувате валиден билет.


2. Билети можат да се купат во нашето переставништво во Струга, или на автобуските станици во Струга и Скопје.


3. Купените билети неможат да се вратат по заминување на возилото во закажаното време.


4. Повратниот билет може да се користи само по еднаш во двете насоки, односно ако првото патување е во правец на Скопје со истиот билет може да се вратите само за Струга и обратно.


5. Повратен билет кој е искористен во еден правец неможе да биде вратен или заменет.


6. Доколку патувате од Скопје за Струга и поседувате повратен возен билет задолжително заверете го на автобуската станица во Скопје како би можеле непречено да излезете на перон за патување.


7. Доколку патувате за време на викенди, заверете ги вашите билети еден ден порано.